Во текот на сиве овие години од основањето на Skymusic корпорацијата ве прошетавме по најголемите и најпознатите концерти, фестивали и случувања во земјата и регионот. А за Sky времепловот, прочитајте во продолжението.
Нашата филозофија е едноставна. Веруваме во долгорочна соработка со своите партнери и во заеднички развој. Нашиот фокус е усмерен кон разбирање на сопствените клиенти. Создавањето профит за нив и за нашите купувачи, нам ни е подеднакво важно како и создавањето на профит за нас самите. Нашата апсолутна посветеност и предаденост на сите наши дејности е дополнета со врвната технологија и професионалниот менаџмент кои Sky Corporation ја прават современ меѓународен бренд, во секоја смисла.
Наша заедничка мисија е пружање на најдоброто искуство во концертната и забавната индустрија на денешницата. Со најновите технологии и креативни идеи создаваме магија од сѐ што ќе видиме, слушнеме и почувствуваме. Во нашите вредности спаѓаат здравјето, радоста, рамнотежата и образованието. Нашата страст да создаваме и да ги поврзуваме луѓето ни е најдобриот водич кон нашата цел. Благодарни сме што истовремено ја имаме таа можност и таа одговорност.
Иднината на групацијата Sky Corporation лежи во нашиот тим. Само креативни и доследни луѓе може да ја подигнат корпорацијата на следното, повисокото ниво. Нашата визија е едноставна ─ да не опкружуваат луѓе со визија поголема од нашата.
Кликнете на долниот линк да го разгледате профилот на компанијата!
– Група за продажба
– Продукција и маркетинг
Нашиот тим
Од самиот почеток компанијата Sky Corporation привлече многу посебна група на поединци во својот тим.

























