Заврши овогодишното издание на фестивал Ohrid Calling

Овогодишното издание на OHRID CALLING и дефинитивно покажа дека е еден од омилените фестивали во регионот посебно за љубителите на електронската музика.

Во трите фестивалски дена od 01 до 04 август на стадионот Билјанини Извори во Охрид имаше повеќе од дваесет илјади посетители од цела Европа, а одличниот шаренолик line-up привлече и посетители од Јапнија, Бразил, Кореја…

Headliner-и оваа година беа Dimitri Vegas&Like Mike, Roger Sanchez, Salvatore Ganacci и Armin Van Buuren, подржани од домашните ди-џеи Галоски и Деан Мицкоски како и од Јапонците Busta Row и Yaksha, Бразилецот Bruno Martini, Словенецот Avadox и Норвежанецот Nicholas Adams.

И оваа година повторно за техничката и инфраструктурната реализација на фестивалот беше задолжена екипата на Скајмјузик која за потребите на фестивалот постави и инсталираше 70тина звучни кутии, преку 150 расветни тела и 150 квадратни метри LED екрани.

Како и за повеќето вакви случувања така и за ова издание на Ohrid Calling важи она дека со зборови тешко се опишуваат вакви моменти па затоа во продолжение ве оставаме сами да пробате да ја доловите магијата на овој фестивал преку фотографиите што ни ги овозможи Стефан Рајхл.