Трето учество на продукцијата Skymusic на „Prolight&Sound”

Традиционалното учество на Skymusic Production&Rental во продукцијата и изработка на штанд на компанијата  EUROTRUSS за престижнаѕа манифестација  Prolight & Sound во Франкфурт, оваа година продолжи по третпат. Нашата компанија беше задолжена за дизајн на штандот, креативно решение, мултимедијална презентација, техничка реализација на изработката на штандот, за конструкцијата, LED екранот и осветлувањето.  Prolight&Sound е местото каде сите светски компании од доменот на рентал бизнисот се натперваруваат во квалитет и креативност, а вистинска потврда за доброто работење на Skymusic Production&Rental е учеството на оваа манифестација по третпат.