Рок спектакл во Охрид

Како што беше ветено сношти во Охрид, после Ohrid Calling фестивалот, забавата продолжи во голем стил со концертот на најголемите ѕвезди на екс ЈУ сцената, групата Бијело Дугме.
И додека публиката со воодушевување го следеше спектаклот на бина, уживајќи во комплетното аудио – визуелно доживување, се редеа хитовите “Липе цвату”, “Ружица си била”, “Кад остариш”, “Заборави ако можеш”…
Расположените Бијело Дугме повеќе од два и пол часа ги забавуваа посетителите на овој концерт, а ги имаше во голем број, повеќе од 7.000 и сите во еден глас цела вечер го пратеа бендот.
Со овој спектакуларен настап беше заокружена неделата на добра музика и забава во убавиот син Охрид.

Комплетната техничка продукција ја обезбеди Skymusic.