Почнува ЕГЗИТ 2019

Сè е подготвено за настанот на годината во регионот! Импресивната музичка програма на Егзит фестивалот ќе ги исполни соништата на љубителите на најразлични жанрови, а врвната продукција го сместува Егзит рамо до рамо со најголемите светски фестивали.

Скајмјузик тимот од година во година на Егзит ги носи најсовремените трендови во техничката продукција, па така и овој пат дополнително ќе го подигнат нивото на забава и уживање на скала погоре. Од 4 до 7 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе се сменат преку илјада акредитирани уметници од целиот свет. На едно место ќе се соберат легендарните уметници кои и понатаму суверено владеат со светската сцена, но и најпопуларните херои на новите генерации чии глобални хитови бројат повеќе десетина милијарди Јутјуб прегледи.

Покрај концертите на легендарниот британски состав The Cure, младиот рокенрол бенд Greta Van Fleet, диџеите Carl Cox и Amelie Lens, Lost Frequencies, домашните и регионалните ѕвезди Ѕвонко Богдан, Атеист Рап и многу други изведувачи, Егзит ќе понуди цела низа активациски, забавни и авантуристички зони за потполно уживање на тврдината.