Почнува 9 по ред Ski Opening Копаоник

Сè е подготвено за Ski Opening Копаоник кој стартува утре, а годинава ќе биде сосема поразличен од досега! Отворањето на ски сезоната ќе го одбележат настапите на познати музичари, како и еден потполно нов простор за забава по скијањето. Ski Opening Копаоник ќе трае во текот на два викенди едно по друго – од 6 до 9 декември и од 13 до 16 декември, во организација на Скајмјузик, МК Ресорт и Скијалишта Србија.

За време на првиот викенд посетителите на Копаоник ќе имаат можност да уживаат во концертите на големите музички ѕвезди, па така, на 7 декември ќе пее Саша Матиќ, а на 8 декември ќе настапат Бајага и Дејан Петровиќ Биг бенд.

Саша Матиќ ги покани своите обожаватели, како и љубителите на скијањето на својот настап во големата сала на хотелот Гранд, која специјално за оваа прилика ќе биде претворена во голем party lounge, каде пејачите ќе имаат близок контакт со публиката.

Саша Матиќ: https://www.youtube.com/watch?v=ItKQrJ2R5Lc&feature=youtu.be

„Јас сакам да одам на Копаоник и во зима и во лето, а сега ми е особено драго што на 8 декември ќе свириме на отворањето на скијачката сезона“, вели Бајага и во оригинален стил ги повикува сите љубители на добриот звук на отворањето на ски сезоната:

Бајага: https://www.youtube.com/watch?v=g4ly0tZO4o8&feature=youtu.be

Концертите ќе бидат реализирани во врвна продукција, а новина на овогодинешниот, деветти по ред Ski Opening, ќе биде apress ски зоната „Збрда-здола” во Долината на спортовите. Во неа на 8 декември од 15 до 17 часот гостите ќе можат да присуствуваат на спектаклот за кој е задолжен Дејан Петровиќ Биг бенд, кој по повод својот концерт на Копаоник вели:

„Со возбуда го очекуваме настапот на Копаоник, на Ski Opening. Несекојдневниот амбиент веќе најавува добра журка и атмосфера, а ние ќе се потрудиме да го надополниме тоа доживување. А на сите посетители можам да им ветам еден супер музички велеслалом.“

Дејан Петровиќ: https://www.youtube.com/watch?v=qKWWOXraeBI&feature=youtu.be

Во зоната „Збрда-здола” во самото срце на ски центарот во текот на целата ски-сезона ќе се продолжи концептот на бесплати after ski забави, односно забави кои ќе се случуваат по затворањето на ски патеките со гостување на диџеи и познати музички имиња.