Music Week викенд за паметење
март/2018
Третиот Music Week фестивал започна на Денот на жената, а после отворањето со Жељко Самарџиќ одличната забава продолжи на 9ти и 10ти март, кога на Копаоник настапија популарните музичари Gibonni и Саша Матиќ. Во текот на првиот викенд, фестивалот го посетија повеќе од 4.000 луѓе во ексклузивниот VIP lounge на хотелот “Grand”.
Одличната атмосфера ја дополнија многубројните припадници на јавниот и културниот живот од целиот Балкан кои веќе трета година по ред уживаат во викенд музичкиот фестивал на Копаоник.
После феноменалниот прв викенд, атмосферата се загрева и за следниот викенд кога на 16ти март на публиката ќе и се поклони Јелена Карлеуша, додека на 17ти март гласовите ќе ги вкрстат Ацо Пејовиќ и “Министерки”.








