Магија во Охрид
јули/2018
Во Охрид и оваа година ќе се одржи добро познатиот фестивал Ohrid Calling кој секоја година на почеток на агуст ги привлекува фановите на електронската музика од регионот па и пошироко.
Магијата сочинета од сонце, капење, добра забава и одлична музика започнува на први август со настапот на популарното ди-џејско дуо Dimitri Vegas & Like Mike, поддржани од едни од најдобрите ди-џеи во регионот Авадокс и Галоски и Јапонецот Busta Row.
Забавата продолжува веќе следниот ден со настапite на новата ди-џејска ѕвезда Jax Jones и ветеранот Роџер Санчез, а фестивалот на 4ти август го затвара еден од најдобрите ди-џеи на сите времиња Armin Van Buuren.
За комплетната техничка поддршка и овој пат е задожен Skymusic.
