Концерт на Ана Бекута во Сава центар

Хитовите создадени за време на нејзината повеќедецениска кариера прозвучија во Сава центар на радост на публиката од сите генерации. Ана Бекута приреди фолк концерт за паметење, а ѝ го посвети на својата внука за нејзиниот 18 роденден.
Техничката реализација ја потпишува Скајмјузик, која со својата опрема од најновата генерација го надополни уживањето на посетителите. Звукот го пренесуваше исклучителниот Meyer звучен систем, а за осветлувањето се користени DTS и SGM уреди.