Големите музички ѕвезди ве повикуваат на MAC!
Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи, и со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony).
Признанијата за најдобрите изведувачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе бидат доделени на 29 јануари 2019 година на спектакуларната манифестација во Штарк арената на која ќе учествуваат повеќе од 60 познати личности од регионот.
Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе го следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот.

Фото Скајмузик: Горан Бреговиќ
Воодушевувањето од идејата за првото доделување на музичките награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински.
„Регионот долго чекаше на ваков настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најубав можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“

Фото: Паоло Џентилини
Првиот, иницијален избор на песните и изведувачите за MAC признанијата ќе ги направат 220 радио станици од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, раководејќи се по свои релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин ќе се уважат мислењата на слушателите, но публиката ќе има дополнителна можност да гласа за своите фаворите што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците во категориите.
MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Скајмузик, која зад себе има дводецениско искуство во техничка продукција на најголемите регионални музички настани.
MAC директно ќе го пренесуваат телевизиите со национална фреквенција од регионот. Гледачите од Србија и Црна Гора ќе го следат директниот пренос од Штарк арената на ТВ Прва, додека Радио С е главен партнер на манифестацијата.
Најновите информации за MAC можете да ги следите преку страницата www.musicawardsceremony.com, како и преку официјалните Фејсбук www.facebook.com/music.awards.ceremony и Инстаграм www.instagram.com/music.awards.ceremony профили.
