Голем спектакл оваа зима: Прво регионално доделување на музичките признанија
Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик, на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи спектакл каков што сè уште не е виден во овој дел од Европа. Најголемите ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе се соберат на церемонијата на доделување на првите регионални музички признанија Music Awards Ceremony (MAC) powered by Huawei.
Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 признанија за најдобрите изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи…
На манифестацијата се очекуваат повеќе од 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на признанијата во живо ќе присуствуваат 15 000 посетители.
Единствениот целовечерен забавно-музички настан MAC powered by Huawei директно ќе го пренесуваат телевизиските станици со национална фреквенција во земјите од регионот.
Гледачите од Србија и Црна Гора ќе го следат директниот пренос од Штарк арената на ТВ Прва, додека Радио С е главниот партнер на манифестацијата.
MAC powered by Huawei продукциски и телевизиски ќе биде најкомплексниот потфат изведен кога и да било на нашите простори организиран по највисоки светски продукциски стандарди.
Употребата на најновите аудио и видео технологии, подвижни екрани и сценографии, иновативен концепт на осветлување, најсовремени трендови на концертна техничка продукција – сето она по што Скајмјузик ја зазема лидерската позиција во регионот, на церемонијата на доделување на музичките награди ќе биде поткренато на највисоко ниво.
Изведувачите и музичките нумери за доделувањето на MAC powered by Huawei признанијата ги номинираат радиостаниците. Гласачите од сите земји од регионот ќе имаат можност преку страницата MAC powered by Huawei http://www.musicawardsceremony.com/ да гласаат за своите фаворити, а на Фејсбук https://www.facebook.com/music.awards.ceremony и Инстаграм https://www.instagram.com/music.awards.ceremony/ страниците можат да ги следат најновите вести и занимливости во врска со манифестацијата.
MAC powered by Huawei ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани.
Продажба на влезници: Eventim.
