Гласно, погласно, најгласно, EXIT! / четврти ден
Последниот ден на фестивалот резервиран за наголемите хитмејкери – Main Stage го прекри посебен вид на магија кога почна музиката на Stray Dogg. Публиката носталгично се љуљаше за да одма потоа енергијата се преточи во егзотични ритмови со Дел Арно Бенд. На општо воодушевување потоа на бината се појави една од најголемите диви на денешнината Róisín Murphy која не потсети на одличната забава што ни ја приреди пред неколку години на истото место. Харизматичната уметничка ја воодушеви публиката, а забавата продолжи со Rag’n’Bone Man, за да завршницата на главната бина биде со еден од најголемите ди џеи на денешнината Hardwell.
На Addiko Fusion Stage за добра забава се погрижија популарните изведувачи Tha Bambi Molesters, Massimо…
Званичниот крај на фестивалот го отсвири легендарната Nina Kraviz на Dance Arena во раните утрински часови.
Фестивалот и оваа година протекна во склад со традиционалната девиза – гласно, погласно, најгласно, EXIT!
Комплетната продукција на фестивалот ја обезбеди Skymusic.
















