Два спектакуларни концерти на Лепа Брена по повод 35 години кариера
На импозантната бина од 250 квадратни метри се спушти на голема ѕвезда, и така го започна спектакуларниот настап по повод одбележувањето на 35 години од својата музичка кариера. Лепа Брена, една од најголемите ѕвезди на нашиот регион, прославата три и пол децении на сцената ја одбележа со два концерта, еден по друг, во преполната Штарк арена.
Техничката продукција на двата концерта ѝ беше доверена на Скајмјузик – искусните професионалци специјализирани за реализација на најголемите и најкомплексните музички настани.
Беспрекорниот звук на најголемите хитови на Брена, кои совршено се слушаа во секој агол на преполната Арена, го овозможи најсовремениот аудио систем EAW Anya, а танцовите точки и севкупниот настап го надополнија најмодерните сценски ефекти со повеќе од 300 светлосни тела и 850 Mr ЛЕД екрани.
Користен е и L’Acoustic Kara систем за “side fill” мониторинг и SHURE In Ear System, а комплетната техника на настапите ја носеше Eurotruss алуминиумската конструкција од импозантен половина километар.










