ДЕНОВИ НА МАГИЈА ВО ОХРИД

Во Охрид вечерва започнуваат деновите на летна магија – сонце, капење, добра забава и одлична музика.
Фестивалот Ohrid Calling вечерва ќе го отвори светската ѕвезда Afrojack.
Холандскиот ди-џеј ќе ја загрее атмосферата и ќе го подигне расположението на првиот ден на овој популарен летен фестивал, додека хедлајнер следниот ден ќе биде неговиот колега и сонародник Hardwell.
Лудата забава која со сигурност ќе ја приредат овие двајца ди-џеи ќе продолжи и после завршувањето на фестивалот затоа што веќе во петок на 04ти август е концертот на гигантите на екс – ЈУ сцената Бијело Дугме.
За комплетната техничка поддршка и овој пат е задожен Skymusic.