Чиста емоција на концертот на Бајага и Инструктори

Легендите на рокот Бајага и Инструктори одржаа концерт за паметење во Штарк арената. Беспрекорниот звук на најголемите хитови на великаните на домашниот рокенрол, го обезбеди најдобриот звучен систем на денешницата, EAW Anya, во комбинација со Meyer Milo звучниот систем. Сценографијата и светлосните ефекти со познатите хитови „Кад ходаш“, „Зажмури“, „Ако треба да је крај“, го надополнија доживувањето и емоциите на посетителите од сите генерации.

„Ѝ благодарам на екипата на Скајмјузик, најдобри сте убедливо во овој дел од светот и мислам дека вчеравечер тоа заедно на сите им го објаснивме. Ви благодарам цареви!“ рече Бајага по концертот.