Бијело дугме во Комбак арената

Познатата рок група од стара Југославија Бијело дугме одржа серија на концерти на 19. и 20. ноември во Комбак арената каде дојдоа повеќе од 20 000 посетители. Овој аудио-визуелен спектакл долго ќе остане запаметен како еден од најдобрите на оваа рок група. За овој настан по првпат во Арената беше инсталиран најдобриот звучен систем на денешнината – ANYA кој со својот врвен звук дополнително придонесе за комплетното доживување.

Бијело дугме својот следен концерт од серијата ќе го одржи на 26. ноември во Комбак арената, исто така со техничка поддршка на Sky Music.