Повеќе од 120 бесплатни концерти за пет дена на четири бини

Belgrade Beer Fest, најпосетената манифестација во југоисточна Европа од 14 до 18 август ќе забележи уште еден рекорд – за само пет дена на четири бини на Ушќе ќе бидат одржани повеќе од 120 бесплатни концерти.

Од оваа година Beer Fest станува дел од новата фестивалска платформа CLOUD Festivals, која ќе обедини три фестивали на Ушќе. Белградската културна мрежа и Скајмјузик, кој стои зад Cloud платформата, ќе постават нови стандарди на организација и продукција на фестивалите во Србија и регионот, па се очекува Beer Fest, Music Week и Ноќта на музика на Ушќе да бидат посетени од повеќе од еден милион луѓе во периодот од 14 до 30 август.

Cloud на посетителите на сите три фестивали ќе им овозможи и пристап во ВИП зоните, кои годинава ќе бидат проширени и ќе овозможат подобро уживање како во концертите, така и во бројните пивски брендови. Картите за ВИП зоните наскоро ќе бидат пуштени во продажба, а голем новитет е тоа што консумацијата со ВИП влезницата ќе биде неограничена во текот на целата вечер („All you can drink“ концепт).

Музичката програма на Beer Fest за прв пат ќе се случува паралелно на четири бини – Main stage, Alternative Stage, Groove stage и Bunt stage.

Некои од најголемите музички ѕвезди на регионот и светот ќе настапат на Main stage, а овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори одличниот музички спектакл „Рок опера”. На бината ќе се најдат 120 изведувачи кои ќе изведуваат антологиски музички хитови на светските рок ѕвезди. Од 22:30 часот за прв пат во Србија ќе свири култниот гитарист на групата The Smiths, Johnny Mar, кој освен песните од своите албуми ќе ги изведува и најголемите хитови на бендот. Првиот ден на фестивалот, секако, ќе го одбележат светските хитови, а публиката ќе ужива и во музиката на одличните домашни бендови Артан Лили, Мајке и Канда, Коџа и Небојша.

Вториот ден на фестивалот го отвора легендарното Атомско склониште, а Марко Луис, Кербер и Eyesburn на Ушќе ќе ги донесат традиционалните звуци на трубите, регето и хардкор панкот. Од 21:30 часот на Main stage ќе настапат американските рапери Crazy Town X, кои на Beer Fest доаѓаат прв пат, а во склоп на турнејата со која одбележуваат 20 години работа.

Во петок на 16 август посетителите на Ушќе ги очекува жестока свирка на домашните бендови Sharks, Snakes and Planes, Бјесови, Елекрични оргазам и Orthodox Celts, а првиот повратнички концерт во Србија ќе го одржи и групата Негатив. Од Хрватска ни доаѓа мошне популарниот сплитски рапер Војко В, како и еден од најбараните бендови во регионот, бендот Бркови, кој на духовит начин го спојува турбофолкот со рокот и хеви металот.

За музичкото загревање третиот ден ќе биде задолжен младиот Џони Ранковиќ, а потоа ќе настапат ветераните на музичката сцена Биља Крстиќ и Ју Група. Атмосферата до вжештување ќе ја донесе Мањифико, кој на специфичен начин микса фанк, диско, рок, џез и етно звук, а Дамир Урбан ќе ги изведува хитовите од својата три децении долга кариера.

Последната вечер на фестивалот на Main stage ќе настапи популарниот црногорски бенд Перпер, како и Дејан Цукиќ, Бомбај штампа, Блажа и Кљунови.

За прв пат на бината на Beer Fest ќе настапи и некогаш мошне популарниот состав Тап 011, а од Загреб доаѓа Елементал, бенд кого белградската публика исклучително го сака. На Main stage од Велика Британија доаѓа бендот Zion Train, кој веќе 30 години на иновативен начин ги микса регето и денс музиката.

На Alternative и Groove stage ќе настапат ништо помалку популарните лидери на алтернативните музички правци, а Bunt stage ќе биде резервирана за настапите на демо бендови, кои се издвоија за време на Bunt rock фестивалот.

Комплетната програма и саатницата можете да ја погледнете на страницата