Дуото 2Cellos приреди светски спектакл во Скопје

Повеќеилјадната публика присуствуваше на концерт за паметење во ВИП Арената во Скопје. Тандемот челисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер го започна концертот со неколку нумери од познати филмови и ТВ серии како што се “Rain man”, “Titanic”, “Game of Thrones”, за да во вториот дел од концертат ја вжештат атмосферата до максимум енергично изведувајќи песни од познати изведувачи, а само некои од нив се Nirvana, AC/DC, Michael Jackson.

И овој пат реализацијата на комплетната техничка продукција му припадна на Skymusic, која и покрај специфичноста на концертот успеа со совршен звук да го покрие секој дел од ВИП Арена, а за визуалниот дел од концертот беа поставени повеќе од 70 расветни тела и преку 40 квадратни метри LED екран.