Завршен е 18. по ред EXIT фестивал

Четвртиот ден од EXIT фестивалот помина во знакот на одлично забавување, а за атмосферата се погрижија: David Guetta, Martin Garrix, Alice Merton, Nina Kraviz, Joseph Capriati, Asian Dub Foundation, ZHU, Tale of Us и многу други. За време на овие четири фестивалски дена, на повеќе од 40 бини и зони, се сменија најпознатите музичари на денешницата, со овации од публика од 70 земји од светот. Новата продукција на главните бини подготви незаборавно искуство за посетителите, и тоа со настаоите на врвни светски музички ѕведзи, како што се LP, Migos, Fever Ray, Grace Jones, Ziggy Marley.

Dance Arena-та, за која многумина сметаат дека е една од најдобрите фестивалски бини на светот, а ако веќе зборуваме за продукција, блесна во полно светло годинава, и тоа со настапи на ѕвезди како што се Maceo Plex, Solomun, Richie Hawtin. Скоро 200.000 посетители во тие четири ноќи поминаа низ фестивалските капии, а EXIT во секој случај ја оправда титулата за најдобар европски фестивал.