Фестивал 84 помеѓу најголемите светски зимски фестивали
Новиот член на регионалното семејство на Exit се вброи во редот на најмасовните зимски фестивали во светот со вкупна посета од преку 20.000 луѓе. На местото каде што во 1984 година се одржаа Зимските олимписки игри повторно гореше оган, овој пат фестивалски, кој легендарниот југословенски скијач Бојан Крижај го запали со оригинална олимписка бакља. Со оваа церемонија на отворањето на фестивалот, како и со своето име, Фестивал 84 прати мировна порака во целиот регион.
Публиката од сите делови на регионот, од 15ти до 18ти март се забавуваше со бројните светски и регионални музички ѕвезди на маратонски забави кои траеја речиси без престан, на пет бини низ целиот Олимписки комплекс Јахорина. Со завршната журка официјално е завршен првиот Фестивал 84 кој уште во својата прва година игра во нависоката светска лига, а со овој резултат следната година ќе се натпреварува и за престижните европски фестивалски награди.
Комплетната техничка продукција му беше доверена на Скајмјузик, а за озвучување беше користен најсовремениот систем, ѕвездата на тонската опрема – ANYA.








