Интелигентниот звук станува едноставен
RADIUS (RSX серија) конбинира единствени и интелигентни функции, вклучувајќи и OptiLogic ™, со акустични дизајни на EAW-a кои даваат одлични решенија за рентал компаниите и AV integrator-ите. Оптималните звучни карактеристики никогаш не биле поедноставни и подостапни, а дизајнот и контролата на системот никогаш не била полесна. Апликацијата EAWmosaic ™ нуди потполна оптимизација на системот, плус интуитивен дизајн и предвидувања на звучната покриеност на просторот во една, сеопфатна апликација. RADIUS употребува Dante ™ поврзувања со екстерни уреди и на тој начин го чини системот уште попрактичен.
Во квалитетите и врвните перформанси на EAW Radius системот можете да се уверите во нашиот малопродажен објект каде нашиот стручен персонал може да Ви го презентира системот со сите модели кои се во понуда.
