Скајмјузик отвара своја продавница во Скопје!
Скајмјузик центар, најголемата музичка продавница на Балканот, ја отвара својата прва продавница вон границите на Србија. Регионалниот лидер во областа на музичката опрема ќе ја отвори својата врата на купувачите на 6ти ноември преку својата продавница која се наоѓа во ГТЦ, на приземје со поглед кон Жена парк.
Големата побарувачка и одличниот успех на београдската Скајмјузик продавница која е редовна но и омилена дестинација на сите големи музички имиња во регионот и дадоа поттик на нашата компанија за проширување и понуда вон границите на Србија. Скајмјузик центар познат е по широкиот спектар на понуда на сите водечки брендови за музички инструменти и придружна опрема, од врвни акустични, бас, електрични и класични гитари, клавири, синтисајзери, аранжери, тапани, преку појачала, ефектна и интелегентна расвета ди-џеј и студијска опрема и многу друго. Во новата Скајмјузик продавница во Скопје сите заинтересирани ќе може да испробаат, погледнат и купат модели од некои од најпознатите брендови во светот како што се Korg, Vox, Pioneer DJ, Alvarez, Soundsation… На признаените и познати музичари кои ги диктираат трендовите им се нуди можност да го надоградад својот стил со последните генерации на модерна и напредна технологија, додека они кои дури сега влегуваат во светот на квалитетната музика и звук во новата продавница ќе може да добијат совет од професионални лица за најдобрата и најповолна опција креирана според сопствените желби, побарувања и потреби.
Работно време на продавницата ќе биде од 10 до 19 часот.


















