POGLEDAJTE FOTO GALERIJU

EXIT – лето на љубовта / трет ден

EXIT викендот го отвори харизматичниот Едо Маајка, секогаш радо виден кај домашната публика.
И бендот и Едо беа многу расположени и спремни да ја загреат атмосферата за звездата на вечерта Jason Derulo. А кога тој се појави на сцена публиката падна во транс кој ја држеше цела вечер.
Во исто време на Addiko Fusion Stage почнуваше вистинска игранка со звуците на Звонко Богран, Забрањено Пушење и Краљ Чачка. Од Osam tamburaša s Petrovaradina, преку Pišonja i Žuga па до Deda Mraz je švorc, се пееше и играше без престан.
Добрите вибрации ја носеа публиката цела вечер подготвувајќи го теренот за последниот ден и спектакуларното затварање на фестивалот.

Комплетна продукција – Skymusic.