АЦА ЛУКАС И SKY MUSIC ПОДГОТВИЈА УЖИВАЊЕ ЗА СИТЕ СЕТИЛА
Аца Лукас во саботата на 29.04.2017 пред околу 20.000 посетители одржа спектакуларен концерт во Белградската Комбанк Арена и со тоа ја започна турнејата Najveće žurke na Balkanu.
Додека се редеа хитовите ‘Voliš li me’, ‘Dijabolik’, ‘Kafana na Balkanu’, ‘Bele ruže’, Комбанк Арена се претвори во место на спектакуларни визуелни ефекти кои Skymusic за прв пат ги употреби на концерт на регионален изведувач. Повеќе од 500 расветни тела беа распоредени по најновите трендови и дизајни за интелегентна расвета, а заедно со сценографијата истите креира слика која публиката ја остави без здив. Одличното аудио-визуелно доживување го надополнија двете кули со висина од 6 и 8 метри составени комплетно од LED екрани со висока резолуција.
Комплетната бина беше импозантна, а не нае во еден момент се појави и ќерката на Лукас која заедно со него ја испеа песната ‘Reci’, како и колегите Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Тифа…
Познатиот фолкер не ги криеше емоциите на крајот на концертот:
– И благодарам на публиката, на сите од организацијата на концертот и на гостите. Презадоволен сум и сигурен дека ова беше мојата најдобра Арена до сега. Поаѓаме на турнеја и секој следен концерт ќе биде уште подобар. Со нетрпение ги очекувам дружбите со побликата на целата турнеја.
Во склоп на неговата турнеја следува и концертот во Скопската ВИП Арена на 20ти мај,
































