Нова Skymusic продавница

Skymusic Центарот и продавницата за музички инструменти Music Box договорија тесна соработка, и отворија заедничка продавница во Нов Белград. Продавницата е на одлична локација, во самиот центар на деловниот дел од Нов Белград, веднаш покрај Комбанк арената, на булеварот Зоран Ѓинѓиќ, бр.67, локал 19.

Во Skymusic Shop можете да го најдете или да го порачате комплетниот продажен асортиман на Skymusic Center продавницата, а за асортиманот може да се информирате на сајтот:  www.skymusiccenter.com. Во продажба се застапени сите брендови за кои Skymusic Corporation е генерален дистрибутер за регионот на поранешна Југославија и Албанија, и тоа: Korg, Vox, Shure, Soundsation, db Technologies, Genelec, Alvarez, EAW… како и многу други брендови на инструменти и опрема и ситен прибор.

Покрај тоа, специјално во Skymusic Shop може да најдете комлетен асортиман на гудачки инструменти на реномираната романска мануфактура  „HORA’’, како и класични гитари од истиот производител. Фабриката „HORA’’ има извонредна традиција на производство на гудачки и жичени инструменти веќе 60 години; прави од училишни инструменти за напредни свирачи во студентска серија, па сѐ до мајсторски рачно изработени инструменти.

Освен ова составен дел на асортиманот се и класичните гитари на реномираниот шпански производител „ADMIRA’’.

Сите информации може да се добијат на телефонскиот број: 011/311 89 70, а љубезниот и стручен персонал е спремен да ви даде одговор на секое прашање.