46ti ФЕСТ – уметност и гламур

На 23ти февруари започна традиционалниот пролетен Белградски фестивал на филмска уметност ФЕСТ. Во текот на десетте фестивалски дена прикажани се повеќе од 120 филмови од различни категории, формирани така да им удоволат на различните вкусови на филмските сладокусци – од Холивудски блокбастери, преку Европски филмски остварувања, па се до хорор и научна фантастика.

Стручното жири по завршувањето на фестивалскиот програм додели и награди, а самото отварање го одбележа големиот Иштван Сабо, познат Унгарски режисер кому во таа пригода му беше доделена престижната награда “Белградски победник”.