Здравко Чолиќ во Крушевац
јули/2018
Крушевац долго ќе го памети спектакуларниот концерт на една од најголемите ѕвезди на Балканот. Здравко Чолиќ настапи на 1. јули пред 20.000 граѓани на бесплатниот концерт во организација на градот Крушевац. Настапот на Чола започна со познатата песна „Produži dalje“ после која се редеа хитовите „Čija je ono zvijezda“, „Živiš u oblacima“, „Kad pogledaš me preko ramena“…
Skymusic беше задолжен за креативното решение на техничката поставка и за комплетната техничка реализација и продукција на концертот.










