Завршен првиот викенд од Ski Opening
Одлични концерти, добра забава и скијање го обележаа изминатиот викенд на Копаоник во организација на МК ресорт, Скајмузик и Скијалишта Србија.
Сите љубители на зимските спортови имаа можност на вистинскиот начин да уживаат во нив, а за сите оние кои сакаат и добра забава се погрижија Скајмузик и хотелот „Гранд“, па посетителите имаа можност да уживаат во настапите на Саша Матиќ и Бајага и Инструктори.
Како и обично, кралот на баладите Саша Матиќ направи вистински спектакл исполнет со емоции, а публиката уживаше во неговите безвременски балади. Бајага и Инструктори, исто така, ја воодушевија публиката на Копаоник приредувајќи им повеќечасовна свирка.
Исто така, за прв пат во самото срце на ски-центарот, во Долината на спортовите сите присутни имаа можност да уживаат во apress ски зоната „Збрда-здола” каде за добрата журка беше задолжен Дејан Петровиќ биг бенд.











