Спој на афробит и филхармонија на Калемегдан
Најпопуларниот африкански музичар Феми Кути со својот состав The Positive Force одржа спектакуларен концерт на Калемегдан. Го следеше Македонската филхармонија, а песните на Кути беа прилагодени на симфониски оркестар. Повеќе од 15 000 посетители од различни генерации танцуваа на звуците на необичниот спој на авфробит и класични инструменти.
Со оглед на бројните необични и ретки инструменти кои африканските музичари ги користеа на концертот, рајдерот беше мошне комплексен, но Скајмјузик, како и секогаш, го имаше вистинскиот одговор на секој предизвик. На бина 20×15 м беа сместени преку 50 музичари, користени се преку 100 светлосни тела DTS и SGM, а 270 ЛЕД панели беа монтирани во каскадна поставка. За звукот беше задолжен EAW Anya аудио систем, кој нема конкуренција во продукцијата на денешницата.









