Спектакуларен почеток на Exit
Официјално најдобриот европски фестивал почна сношти како што и му личи ─ со спектакуларни настапи, и со најголемиот огномет во историјата на Exit кој траеше дури 12 минути! Аудио-визуелниот спектакл го осветли небото над Петроварадинската тврдина, а комплетната техничка продукција за која е задолжен Skymusic ги одушеви посетителите, и дефитивно најави фестивал кој ќе остане за паметење. Со прекрасниот настап музичарката LP ја загреа масата луѓе, за потоа познатиот балетан Сергеј Полунин со гудачкиот состав на Almazin Simphony за првпат да изведат перформанс пред фестивалската публика, а по нив Fever Ray и Migos ја вжештија атмосферата. Dance Arena-та оваа година ги помрдна границите на аудио-визуелната продукција, а ѕвезда на вечерта беше Amelie Lens. Не недостасуваа забава и ефекти ниту на другите стејџови на Петроварадинската тврдина сѐ до рано изутрината.










