Спектакл во Арена по повод 50 години кариера на Шабан Шаулиќ

Со голем концерт во Штарк арената, Шабан Шаулиќ прослави пет децении богата музичка кариера. Со своите иновативни решенија од областа на техничката продукција, Скајмјузик само го надополни овој спектакл.

Повеќе од 220 светлосни тела се користени за осветлување на бината на која освен Шабан се појавија и бројни гости на концертот, а доживувањето го надополнија 800 панели ЛЕД екрани. Беспрекорниот звук го обезбеди исклучителниот Meyer MILO звучен систем.