Сопственикот на Скајмјузик меѓу 50-те најмоќни во шоу-бизнисот
Веќе неколку години по ред Миленко Шкариќ, основачот и сопственик на Скајмјузик, се наоѓа на врвот од листата на Блиц за 50 најмоќни луѓе во шоу-бизнисот. Шкариќ од минатогодишното 9 место оваа година се качи на 7. Скајмјузик е лидер во областа на организацијата и сценската продукција на најразлични музички и мултимедијални настани. Скај групата е косопственик и на водечките фестивали во регионот Егзит и Бирфест, а најавува и значајни фестивалски новитети во 2019.
Изминатата сезона ја обележа и првото доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC), на која настапија најголемите музички ѕвезди од земјите од соседството. Манифестацијата реализирана според највисоки светски продукциски стандарди во живо ја пренесуваа пет телевизии со национална фреквенција од регионот. Прв пат на овие простори еден музички настан од вакви размери ги обедини live настапите и ТВ-преносот во живо, а манифестацијата имаше и хуманитарен карактер.
Скајмјузик најави дека MAC од следната година ќе се прошири надвор од границите на регионот, како и дека содржински ќе биде значително унапредена.
