Рускиот ансамбл „Александров“ во Белград
јуни/2018
„Каќуша”, „Денот на победата”, „Црни очи“, „Калинка“ – се само дел од нумерите кои пред белградската публика ги изведе ансамблот на Црвената армија „Александров“, во саботата на 23. јуни. Едноиполчасовниот концерт на платото пред храмот на Св. Сава беше бесплатен за посетителите, а присуствуваа повеќе десетици илјади белграѓани. „Александров“ првпат настапи пред белградската публика под отворено небо, со уникатна сценографија, и во полн состав од 112 членови.
Техничката продукција и реализација беше на Skymusic.







