Регионот пееше на глас на вториот по ред MAC спектакл во Белград
Гламурозниот музички спектакл Music Awards Ceremony (MAC) уште еднаш го соедини регионот! Единствениот регионален проект чија организација и продукција ја потпишува Скајмјузик, собра во само една вечер повеќе од 400 познати личности од шест земји на едно место. MAC успеа да ја соедини музичката сцена на Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Словенија, за време на четиричасовниот спектакл на кој на иста бина настапија најголемите ѕвезди на поп, рок, хип-хоп, фолк, world music и треп музиката.
Повеќе од два милиони онлајн гласови пристигнаа од сите краеви на светот, а на церемонијата се доделени 25 MAC признанија. Листата можете да ја погледнете на линкот MAC /Music Awards Ceremony 2020
Во живо со своите бендови настапија Мањифико, С.А.Р.С., Калиопи, Александра Радовиќ, Балканополис и Сенидах. Оливер Мандиќ на MAC го имаше својот прв настап после 35 години, а Јелена Розга премиерно ја изведе својата нова песна „Свето писмо“. Специјално осмислени и режирани настапи на MAC имаа и Лепа Брена, Буба и Џала, Нина Бадриќ, Тончи Хуљиќ, Невена Божовиќ, Who See и Сара Јо.
Групата од 11 рап и поп музичари заедно со актерот Виктор Савиќ ќе остане запаметена по еден од најемотивните настапи на MAC, посветен на нивниот пријател и соработник, раперот Гру. Своевидниот омаж на трагично настраданиот музичар го започнаа со стиховите кои се составени од делови од необјавените песни на Гру и аудио материјали: „Јас тоа го носам во срцето, тоа е дел од мене, хип-хопот го носам со себе каде и да појдам. Повторно со пенкало во рака, хип-хоп слушав, хип-хоп живеев, дишев, пишував, бришев, секоја мисла на хартија. А што се случува денес на сцената, еј колку евтино се собираат поени. Длабоко во душата останувам без зборови, тешко е да се правиш луд кога нешто се сака. А кога се сака ништо не е многу. Подобро е да молчам отколку да лажам, па вака сето полесно го кажувам, затоа те сакам…“
Повеќе од пет милиони ТВ-гледачи го следеа MAC на телевизиите во регионот: ТВ Пинк во Србија, ТВ РТЛ во Хрватска, во Црна Гора на РТЦГ, во Македонија на Канал 5, во Босна и Херцеговина на РТРС и ФТВ, и на ТВ3 во Словенија. YouTube live stream-от на MAC имаше половина милион прегледи за 24 часа и ја освои YouTube trending листата во регионот: беше на 2. место во Србија и Црна Гора, на 3. место во Хрватска и Босна и Херцеговина и на 6. место во Македонија.
Скајмјузик и ЦЕБЕФ со откажаа од приходите од влезниците, а тие средства заедно со севкупниот приход од продажбата на MAC маици, е пренасочен на УНИЦЕФ за проекти кои ја поддржуваат родовата рамноправност.














