Почна петтиот Music Week на Копаоник

Music Week фестивалот на Копаоник е отворен овој викенд со концертот на најпопуларната млада ѕвезда Александра Пријовиќ, додека легендата на музичката сцена Здравко Чолиќ во саботата приреди незаборавен спектакл и вечер за паметење во преполната сала на хотелот Гранд & спа. Публиката уживаше во врвната аудио-визуелна продукција на концертот за кој беше задолжен СКАЈМЈУЗИК.

Чола со своите вонвременски хитови веќе од првите тактови ја доведе атмосферата до вжештување. Публиката на глас ги пееше сите негови песни, а после нешто повеќе од два часа громогласниот аплауз го спречи да ја напушти сцената. Здравко Чолиќ неуморно пееше со својата публика од сите генерации и со своите пејачки бравури, но и одличната кондиција уште еднаш покажа зошто е најголема музичка ѕвезда на овие простори.

За време на првиот викенд на Music Week фестивалот на Копаоник во концертите, но и зимските активности на снег уживаа и бројни познати личности. Следниот викенд сите посетители со своите концерти ќе ги израдуваат Саша Матиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ, за кои наголемо се бара карта повеќе. Music Week фестивал уште за време на првиот викенд ги надмина сите очекувања и го оправда епитетот ексклузивен музички настан кој е познат не само во Србија, туку и во земјите од опкружувањето од кои секоја година по тој повод на Копаоник доаѓаат сè поголем број гости.