Почна 17. Belgrade Beer Fest: 80 илјади луѓе на Ушќе
Вчеравечер во Белград е отворен 17. Belgrade Beer Fest, најголемиот музички и пивски фестивал во овој дел на Европа. Во настапите на четири бини, со бесплатен влез, во одличната понуда на пиво и храна во првата вечер на фестивалот уживаа преку 80 000 посетители. Сè помина во најдобар ред, а во наредните вечери се очекува уште поголем број посетители.
Програмата на главната бина почна со настапот на Дејан Цукиќ, потоа публиката уживаше во настапите на сè попопуларниот Артан Лили, како и легендарните рокери Кербер и Ју-група, додека момците од составот Eyesburne направија одличен музички финиш на вечерта.
Одлично посетена беше и програмата на останатите три бини – Alternative, Groove и Bunt stage.
Во втората вечер на фестивалот публиката ќе може да ужива во настапите на бендовите Бјесови, Бркови, Електрични оргазам, Ортодокс Селтс, Негатив, како и раперот Војка В.
До понеделник, 19 август, за посетителите на фестивалот се обезбедени 105 часа музичка програма која на четири бини ќе ја изведуваат повеќе од 600 музичари.
