Питер Марфи прослави 40 години Bauhaus во Белград
ноември/2018
Во рамки на светската турнеја под наслов „40 Years of Bauhaus Ruby Celebration Feat. David J“ легендарниот музичар Питер Марфи одржа концерт во Хангар во Белград. На некогашниот фронтмен на Bauhaus Марфи, кој на турнејата одбележува 40 години од култниот бенд, како гостин му се придружи неговиот соосновач, басистот Давид Џ.
На концертот го изведоа влијателниот деби албум на бендот „In The Flat Field“ од 1980 година, со додаток на други Bauhaus класици. Meyer Milo системот и единствениот дизајн на светла ја засилија музичката и сценската драматичност на пост-панк пионерот, а комплетната техничка продукција ја потпишува Скајмјузик.




