Миленко Шкариќ
Извршен директор и основач
Основачот и сопственикот на Skymusic Corporation со музиката која ја сметал за своја најголема страст се бави уште од најраната младост. Во деветесеттите, гитарата и клавирот ги трга на страна бавејќи се со музичка продукција. Автор е на многубројни аранжмани за нумери на регионални изведувачи. Своето прво музичко студио ’’Sky Studio’’ го отвара 1994.
Со понатамошната работа и со проширувањето на своите активности на полето на музичката и сценската индустрија ја создава Skymusic компанијата која и денес е еден од клучните фактори во Skymusic групацијата.
Роден белграѓанец, рокер по музичко убедување, тој студира економија на Економскиот факултет во Белград, и економијата успешно ја применува во музичката индустрија.
Share
Ненад Радиќ
Генерален директор
Тој е дваесет години во музичката индустрија, поточно од самиот почеток на работа на Skymusic, кога целата фирма ја сочинуваа двајца млади ентузијасти со единствена желба ─ да бидат најдобри.
Управува со ARD, Skymusic и Skymusic цантарот.
Пасиониран играч на голф со хендикеп 300.
Share
Виктор Трифу – Кики
Директор на продукција
Тој е еден од најзначајните дизајнери на светло во регионот. По определување, суштина и град на раѓање ─ новосаѓанец, белграѓанец по работа и семејство.
Сосема случајно на фестивалот во Белград 1994. започнува да се бави со сценското светло. Своето знаење го стекнал работејќи 15 години во студиото Барар, и на проекти реализирани од страна на најразлични продукции како и школувајќи се на Академијата за уметност во Нови Сад.
Работел на преку 100 проекти во земјата и во странство. Соработувал со најголемите балкански и светски имиња, дизајнирајќи светло за многу значајни концерти, фестивали и турнеи во регионот – Здравко Чолиќ, Владо Георгиев, Сегреј Четковиќ, Рибља чорба, Ван Гог, Бајага и инструктори, Тоше Проески, Северина, Слободан Тркуља, Жељко Јоксимовиќ, Stereo MC, Lenny Kravitz, Motorhead, Simply Red, Exit… Се има истакнато и како дизајнер на светло за театарски претстави – Панк операта на Емир Кустурица „Дом за бесење“, Кармина Бурана, Тврдината Театар во Смедерово, Хазарскиот речник на Томаж Пандур, Стерииното позорје 2002 – 2010, за филмови и тв емисии (Јас имам талент, Икс фактор, Гранд шоу, квизот Милионер, Најслабата карика …) како и за бројни корпоративни, политички и спортски манифестации. Има креирано светло за проекти од државно значење (за Павилјонот на Република Србија на светската изложба во Шангај 2010. и Милано 2015. ─ технички директор на Павилјонот) .
И понатаму продолжува да го гради личниот професионален израз и да го збогатува работното искуство преку надградба на своето образование, кое го продолжува на Катедрата за драмски уметности во Нови Сад, и тоа на докторски студии за аудиовизуелни медиуми. Во моментов има звање доцент, и ги предава предметите Дизајн на сценско светло, Дизајн на светло за филмска и електронска камера, Основи на дизајнот на светло и Уметност на светлописот.
Од 2012. е дел од тимот на Sky корпорацијата во делот на светло и продукција.
Не се разбира во фудбал, кошарка и ватерполо, но за авто-трките знае сѐ.
Веќе пет години успешно ја извршува најзначајната работа ─ татко е на Дора.
Share
Милан Цветиновиќ
Директор на продажба
Својот професионален музички пат го започнува во тинејџерските денови; изнајмува озвучување за домашни и underground забави низ Белград и работи како диџеј. Паралелно дури се образувал, работел како техничко лице во многу клубови и институции на културата во Белград. Во Skymusic корпорацијата работи веќе 12 години. Почнал во Секторот за осветлување, во делот на продажба и поддршка, а во годините кои следат ги поминал сите сегменти на работењето во корпорацијата: од комерцијалист до шеф на одделение и директор на малопродажба, па до директор на продажба и одговорен за севкупната продажба во Србија и регионот, во компаниите на Skymusic Corporation и ARD.
Share
Марија Настасијевиќ
Директор за маркетинг и комуникации
Родена во Белград. Основно и средно училиште завршила во Инѓија.
Поради студиите се во 2000 година се враќа во Белград, а својата прва работа како заменик на главниот и одговорен уредник на ТВ Кошава ја започнува за време на апсолвентскиот стаж. Тогаш влегува во светот на медиумите во кој останува до сега.
Во Adrenalin / Mccaan Group преоѓа во 2007 година и таму останува до 2013 година со неколку функции во секторот програма, а од 2008 и во секторот маркетинг.
Од 2013 до 2015 година работи како директор за маркетинг и спонзорства во лиценцираниот формат на X Factor.
Во Skymusic Corporation е од 2016 година.
Share
Мирослав Цакиќ
Директор / Sky Music Center & Sky Music Store
Одраснат во блоковите во Нов Белград, еден е од оние горди староседелци во главниот град. Од желба да научи нешто повеќе за музиката, уште како дете учи да свири клавир, гитара, бас гитара, контрабас…
По игра на случајот, во текот на студиите на повик на пријател се вработува во Митрос Мјузик. Иако без намера да се задржи повеќе од неколку месеци, таму останува цели седум години. Проаѓајќи ги сите позиции од магационер, продавач, па се до директор на продажна таму ја научил и засакал оваа работа.
Соработката со Скај Мјузик ја започнува во 2015 година кога ја отвара фирмата Мјузик Бокс и од тога заедно ги освојуваат новите цели. Со голема поддршка на Скај групацијата отвара продавница во саканиот Нов Белград – Sky Music Store.
Share
Ксенија Мориќ-Трипиќ
Директорка / Skymusic Corporation
Белграѓанка, родена на 17. август, 1980 година.
Завршува гимназија и две години на правниот факултет. Уште тогаш работела, и сфатила дека правото не е нејзина определба. Подоцна дипломирала Менаџмент во услужниот бизнис. 11 години играла балет, и долго рекреативно се занимавала со спорт. Својата работна кариера ја започнала 2000. година во компанијата 063 Мобтел Србија. Пнатамошното работно искуство го градела во N&N Commerce, VIP Mobile, TeleDirekt и Техноманија.
Има скоро полни 18 години искуство во директна и активна продажба, преговарање, аквизиција, менторство, односи со јавност, и преку 10 години во обучување, раководење со тимови, организација на работа и процеси на работа. Една од нејзините примарни мисии е грижата за корисниците, агилноста во работата, настојување себеси константно да се дополнува со знаење, а соработниците со своето искуство, нови идеи и енергија.
Дел од нашиот менаџмент тим е од 2018. ”Став, позитивна енергија, оптимизам и добра волја се половина завршена работа.” Обожава патувања, добри книги, психологија, фитнес и музика. Предадена на пријателите и работата, таа ужива во секој момент од животот, а најмногу во улога на мајка на малиот Филип.
Share
Новак Пантовиќ Панта
Продукциски менаџер
Роден во Сјеница 01.03.1967. Во ренталот работи константно од 1989. Од тоа, 21 година успешно е на чело на рентал компаниите Megaton и Skymusic. Од бројните проекти на кои учествувал, ги издвојува: Беовизија, Будванскиот фестивал, Егзит фестивалот, Belgrade Beer Fest; концертите на Здравко Чолиќ, Robbie Williams на Ушќе, Светлана Ражњатовиќ, Аца Лукас на стадионот на Црвена Ѕвезда.
Share
Владе Пауновиќ Паун
Продукциски менаџер
Роден 1976. во Алкмар, Холандија. Располага со повеќегодишно работно искуство со работа на монтирање на truss, бини и бинска опрема, сценографија, видео и LED екрани.
Активно учествува во проектирањето и позиционирањето на truss, riging точките, видео продукцијата, во организацијата на транспортната опрема и на вработените.
Фестивали на кои ги усовршува своите вештини од сезона во сезона: Exit, See Dance, Ultra, Beer Fest, Lake fest, Jelen tour, Sonica, Sunčane Skale, Devet итн.
Водечките формати и телевизиските проекти кои го обликуваат и во ТВ продукцијата: Јас има талент, Големиот брат, Пинкови ѕвездички, Икс фактор итн.
Бизнис промоции: Banka Intesa, Coca Cola, Societe Generale Bank итн.
Спортски случувања: Дејвис купот, Ватерполо (Европско првенство) итн. Монтажа на truss и на LED екрани за многу странски и домашни концерти од типот на: Robbie Williams, Jenifer Lopez, Enrique Iglesias, Carlo Santana, John Newman, White Snake, David Guetta, G´n´R, Iron Maiden, Simply Red, Lenny Kravitz, Motorhead, Van Gogh, Тоше Проески, Северина, Слободан Тркуља, Жељко Јоксимовиќ; многубројни коцерти пред собранието на Република Србија, и на градскиот плоштад во Белград за пречек на Новата година.
Монтажа на truss и на LED екрани за потребите на политичките и промотивните кампањи во Србија, Македонија и Република Српска.
Монтажа на truss и LED екрани на многубројни саеми на техника, на туризам, на автомобили во Србија и низ Европа.
Share
Радомир Паповиќ
Проект менаџер
Долгогодишен резидент ди-џеј во реномирани клубови и дискотеки во регионот влегува во единствениот свет на организација на фестивали и музички настани пристапувајќи во 2005 година на екипата на единствениот Exit фестивал.
Во текот на неговата кариера работи на многу проекти во земјата и странство. Учествува во започнување и водење на големи и мали проекти како и на развивање на пазарот на електронска музика во земјата и странство.
Како менаџер за продукција учествува во реализација на некои од најголемите музички случувања со светски ѕвезди како што се Amy Winahouse, Iron Maiden, Moby, Faithelss, Green Day, Chemical Brothers, Billy Idol, Whitesnake, Ozzy Ozborn, Faith No More, David Guetta, The Prodigy, но и големи фестивали како што се EXIT Festival, Sea Dance Festival, Belgrade Calling, Ohrid Calling, Refresh Festival.
Во последните неколку години ја проширува својата работа и почнува да се бави со проектна организација и реализација на проекти и манифестации водејќи ги од идека и поставка преку формирање на тимови до финална реализација.
Share
Дарко Флего
Проект менаџер и менаџер за Продукција
Во последните 15тина години раководи со комплетната продукција на Main stage на Exit фестивалот како и на целиот фестивал, работи како менаџер за продукција на Belgrade Calling, потоа концертите на Madonna, RHCP, Robbie Williams, Depeche Mode, The Chemical Brothers, Gibonni, Ydravko Čolić, Svetlana Ceca Ražnjatović, Warriors Dance фестивалот, многу концерти во Белградска Арена, големи Новогодишни концерти, конференции и фестивали како Share, Resonate, Cinema city, раководи со корпоративни проекти за Converse, NIS, JTI, BIG трговски центар, Comtrade.
Надвор од границите на Србија ги продуцирал фестивалите Spirit of Burgas во Бугарија, Revolution во Румунија, во Sea Dance Црна Гора, GEM во Грузија, како и конференцијата Share во Либан и Хрватска и REHESACO во Румунија.
Главна желба му е комплетен развој на концептот за продукција 360 степени кој подразбира комплетна реализациона и продукциска услуга.
Редовно ги следи и поддржува Liverpool FC, Ronnie O’Sulliven, McLaren.
Се обидува да најде што повеќе време за Виктор и Роберт, а на Јана и должи вечна благодарност за разбирањето и поддршката.
Share
Славе Целевски
Систем Дизајнер / Менаџер за продукција
Со работа започнува во 1999 година во Радио Панчево.
Од 2005 година работи како асистент/снимател во студиото Камарад на Горан Бреговиќ.
Од 2006 до 2009 работи како инжењер за звук на концертите на Горан Бреговиќ во земјата и странство.
Од 2009 до 2016 година работи за продуцентската куќа Emotion на проектите Операција Триумф, Твоје лице звучи познато и други.
Во тој период работи на како мониторинг и систем инжењер на многу концерти меѓу кои Sting, Andrea Bocelli, Roxette и други.
Денес, освен позицијата ситем дизајнер во Скај Мјузик, работи и како продуцент на концертите на Оркестарот на Бобан Марковиќ во земјата и во странство.
Share
Мишко Караџоски
Скај мјузик Македонија / Менаџер за продукција
Долгогодишен соработник, а од неодамна и дел од тимот на Скај Мјузик.
Роден 1975 година во Скопје. Студирал Градежен факултет, а кариерата во музичкиот бизнис ја започнал во 1998 година во Авалон Продукција.
Во својата долгогодишна кариера работел како представник на промотерите и менаџер за продукција за некои од најголемите концерти на Балканот со интернационални музички звезди како што се Iron Maiden, Lenny Kravitz, Amy Winehouse, Bob Dylan, Green Day, Morrissey, The Prodigy, Enrique Iglesias, David Guetta, Ozzy Osbourne, Jessie J, Moby, One Republic, Faithless, Billy Idol, фестивалите Zagreb Calling, Exit, Belgrade Calling, Sea Star, Skopje Calling, Ohrid Calling… како и со најголемите музички звезди од поранешна Југославија – Zdravko Čolić, Đorđe Balašević, Gibonni, Severina, Bajaga i Instruktori, Prljavo Kazalište… и неговиот, како што сам вели, најдраг проект во досегашната кариера – турнејата “30th Anniwersar tour” на наголемата и најзначајна музичка група од Македонија – ЛЕБ И СОЛ.
Покрај неговата работа во концертниот дел од музичкиот бизнис бил и дел од извршната продукција на преку 40 музики албуми на некои од најголемите музички звезди во Македонија – Леб и Сол, Тоше Проески, Каролина Гочева, Ареа…
За себе вели дека е најдобриот готвач што го познава, нешто што го потврдуваат сите они што ги вкусиле неговите кулинарски магии.
Share
Иван Фердиќ
Stage & Production manager
Роден 1983. година во Белград.
Својот пат во концертната индустрија го започнува сосема случајно, како stagehand на концертот на Металика во Белград.
Дотогашното хоби, редовна посета на концерти, го менува со улога позади бината, прво како stagehand, потоа како аудио техничар и на крај како stage manager и дел од продуцентските тимови на поголемиот дел од концертите и фестивалите како во родниот град така и во цел регион.
Од проектите на кои до сега има работено омилени му се Exit, Warriors Dande i Belgrade Beer Fest.
Во слободно време следи спортски настани и е голем навијач на фудбалскиот клуб Арсенал.
Share
Никола Марковиќ
Продукциски менаџер
Роден е 1989. во семејство на колубарски рудари. Со музика почнал да се бави во своите средношколски денови, гаејќи љубов кон алтернативниот рок.
Знаењето за музиката подоцна го пренесува на концертното светло.
Во Sky Solutions доаѓа 2012. каде започнува да работи како дизајнер на светло. Со својата работа и заложувањето, напредува до позицијата продукциски менаџер на секторот Осветлување ─ работа која и сега ја обавува.
Најголемите работни успеси ги поврзува со фестивалот Егзит, Beer Fest, Love Fest, како и за многубројни ТВ емисии (Пинкови ѕвездички, Пинкови ѕвезди, Социјална мрежа, Повеќе од игра).
Особено е горд на својата работа на концертот Тропико бенд во Комбак Арената 2016.
Хоби сѐ уште му е свирењето гитара и бас гитара каде си создава свои дела.
Share
Владимир Буриќ
Sound Engineer
Роден е во Белград, 7 јули 1978 година.
Од 2003 година активно се бави со тонска реализација и снимање. Во почетокот по белградските клубови и концертните простори: Дом на млади, СКЦ, клубот Академија, а веќе од 2005 остварува соработка со познатите имиња на домашната рок сцена: Електрични оргазам; Рамбо Амадеус; Канда, Конџа и Небојша; Дарквуд даб и многу други.
Од 2008 работи на Егзит explosive stage и во соработка со повеќе белградски рентал компании стекнува искуства во реализацијата на настани од различен карактер – од корпоративни, преку концертни, до телевизиски.
Соработката со Скајмјузик почнува во 2011 година кога доаѓа на местото менаџер на аудио секторот и реализира успешни концерти со големи имиња од домашната и странската сцена: Аца Лукас, Лепа Брена, Џенифер Лопез, Здравко Чолиќ и многу други.
Во меѓувреме го усовршува дизајнот на разгласните системи и станува еден од водечките дизајнери во таа област, како и гостински предавач на Високата стручна школа и САЕ институтот во Белград.
Од големите фестивалски проекти зад себе има осум години Егзит фестивал, од кои пет како главен инженер на Main stage-a, Lake fest, festival Dev9t, Sea star, Sea dance, Jelen tour, Supernatural, Проветравање и многу други.
Листата на изведувачи со кои соработувал е преголема, но ќе наведеме неколку имиња: Motorhead, The Prodigy, Grace Jones, Enrique Iglesias, Whitesnake, Luis Fonsi, Tricky, Faithless, Nile Rodgers and Chic, David Guetta.
Share
Димитрие Жугиќ
Архитект
Роден е на 26. јуни 1992 година. Детството го поминува по новобелградските блокови. Покажува интерес за архитектура уште од детството, играјќи се и градејќи разни објекти со Лего коцки. Во основното училиште своето интересирање го покажува на часовите по техничко образование додека си цртал геометриски тела.
Со ведар дух, тој е секогаш спремен за шега и разонода. Ужива во друштвото, во разговори и излегувања.
Ја завршува Десеттата белградска гимназија; запишува архитектура на Архитектонскиот факултет во белград 2011 година. После основните запишува и мастер студии, кои исто така ги завршува во рок, со просек 9.29.
Цела година работи во фирма за проектирање на професионални кујни, сѐ додека еден ден не го добие вистинскиот повик да работи за тимот на Sky Corporation. Во Sky работи на дизајнот и изгледот на бините за различни настани и манифестации, на саемските штандови, проектира ентериер и работи на 3D моделирање..
Од најмала возраст е навивач на Црвена Ѕвезда, на чии натпревари и понатаму оди редовно. Исто така е голем љубител на AS Romа.
Животно и професионално мото му е: „Помалку е повеќе“.
Share
Марко Малешевиќ
Дизајнер на светло и сцена
Роден е во Бор 1980. година каде завршува основно и средно училиште.
1999. година се сели во Нови Сад каде го запишува Факултетот на технички науки.
Во текот на студирањето 2002.година станува член на студиото Берар, и ги проаѓа сите позиции од техничар на осветлување, систем инженер до оператор, програмер и дизајнер на светло.
Во меѓувреме го завршува факултетот и се стекнува со звање, мастер инженер за заштита на животната средина и заштита при работа.
Како дизајнер на светло соработува со најголемите музички изведувачи во земјата и во странство, и учествува во подготовката и реализацијата на бројни музички концерти, фестивали, корпоративни, спортски и други настани.
Од февруари 2018. година работи во Skymusic на позиција дизајнер на осветлување, и продолжува со своето професионално усовршување.
Оженет е, и татко е на Теодора и Душан.
Share
Владимир Станишиќ
Production Manager
Роден е на 6.6.1987 година во Белград каде и понатаму живее. Работел во Comtrade како сервисер на десктоп и лаптоп компјутери од 2009 до 2012. Потоа завршува Link Group IT Академија, насока администратор на компјутерски мрежи, сервер администратор за windows сервер 2012 и графички дизајн. На позицијата систем администратор и графички дизајнер работел во фирмата Repro Market, која се бави со увоз на Hamma артикли, Kingston и Samsung мемориски модули, како и фотографска опрема. После тоа, на 1.5.2016, доаѓа во Скајмјузик како техничар во секторот „Мал рентал“. После 8 месеци станува менаџер на секторот и на таа позиција се наоѓа и понатаму, со висок процент на успешност во реализацијата на продукцијата на фестивали, модни ревии и разни корпоративни настани.
Share
Деан Kлеа
Sound & FoH & Monitoring engineer
Роден во Сплит, горд далматинец, непоправлив космополит со синдром на Петар Пан, вечен оптимист и доживотен љубител на мачки со новосадска адреса, своето дружење со музиката го започнал во раната младост, делувајќи низ разно-разни рок бендови за најшироката популарност во регионот да ја стекне како пејач на познатиот сплитски рок бенд Осми путник.
Како композитор, текстописец, аранжер, пејач, мултиинструменталист, продуцент, бински менаџер и инженер на звук работи веќе полни 24 години и речиси и да нема позначаен фестивал, изведувач и или бенд со кој не соработувал во својата досегашна кариера, од оваа или онаа страна на микс пултот.
Исто така, учествувал во реализацијата на бројни спортски, корпоративни, телевизиски и останати јавни манифестации, бројни големи концертни настани на странски изведувачи како Guns ‘n Roses, Iron Maiden, Lenny Kravitz, Whitesnake, Robert Plant, Deep Purple, Judas Priest, потоа фестивалите како EXIT Festival, Belgrade Beerfest Festival, Sea Dance Festival, Sea Star Festival, Love Fest, Arsenal Fest, Lake Fest, Ohrid Calling Festival, Rock Village Festival, Omiš Guitar Fest, ST@RT Festival…
Неуморниот борец за правата на животните и заштита на животната средина во 2014 го снима и објавува вториот солистички албум кому му го дава името „Л.У.Н.А.“, кратенка од „Love and understanding for nature and animals“. Страсниот љубител на речиси сите видови уметности акцентот го става на музиката, филмот и стрипот.
Во рентал водите плива од 1996 година, соработувајќи со бројни фирми во регионот за по долгогодишен freelance стаж во мај 2017 година да се придружи на Скајмјузик екипата.
Кога му дозволуваат работните обврски кон Скајмјузик, гордо ја обавува својата чесна должност на продуцент и тонски инженер за новосадската, технички преквалификувана, тешко метална фолк атракција Перо Деформеро.
Share
Бојан Васиќ
Business programs & Development Manager
Креативен и иновативен професионалец во областа на продукцијата и менаџментот на настаните, со широк спектар на вештини и повеќе од 10 години искуство во споменатиот бизнис. Работејќи за најголемите рентал компании, стекнал значително искуство и го усовршил знаењето од областа на менаџментот на продукцијата на големи настани и менаџментот на луѓето и процесите. Области од посебен интерес му се развој на програми и софтвер заради унапредување и оптимизација на работењето, развој на бизнисот и иновативни технологии.
Во Скајмјузик корпорацијата е од 2014 година, а моментално е задолжен за business programs & development.
Голем љубител е на спортовите на две тркала без мотор, свири бас, слуша џез, а full time работа во која најмногу ужива е да биде татко.
Share
Слободан Костиќ
Production Manager
За речиси третина од своите 29 години работи во разни компании во сите области и делови на сцената (аудио, видео). Сега го користи тоа искуство да подучува и да ја води својата екипа, да ги координира со останатите производни и сценски менаџери.
Официјално, со Скајмјузик е од март 2018 година, но веќе ги докажа своите организациски способности во многу свои проекти. Тој ги решава проблемите и раководи со ситуацијата.
Оригинално од Крагуевац, вели дека живее во Белград, но новите проекти секогаш го водат насекаде во тоа подрачје.
Share
Немања Палалиќ
Light Designer
Роден е во 1993 година во Мркоњиќ Град, каде завршил основно и средно училиште.
За време на средношколските денови станува член на Градскиот театар на Мркоњиќ Град. Како техничар на светло во Градскиот театар реализира многу претстави и учествува на многубројни фестивали, каде и се раѓа желбата за оваа работа.
Во 2012 година се запишува на Академијата на уметности во Нови Сад, насока дизајн на светло. За време на студиите станува член на тимот на Скајмјузик. По завршување на основните студии запишува мастер студии за дизајн на светло и добива титула -Мастер по драмски и аудиовизуелен уметник.
Како дизајнер на светло се пронашол себеси во светот на концертите и ТВ-емисиите. Соработувал со многу домашни, но и странски изведувачи. Учествувал во реализацијата на концерти, фестивали, ТВ-емисии, театарски претстави, спортски и корпоративни настани.
Share
Миле Павловиќ
Back Office Logistic
Својот професионален пат почнува да го оди како ентузијаст во рентал индустријата, која тогаш сè уште не била развиена во доменот во кој е денес.
Како член на тимот на продукциската куќа Студио Берар од Нови Сад, својот професионален пат го почнува во 1999 година на позицијата на водач на тимот на truss и rigging секторот.
После појавата на новите видеотехнологии и ЛЕД екрани своите професионални предизвици ги насочува со поминувањето низ индустрискиот и технолошкиот развој на видеопродукцијата на комплексните музички настани и разно-разните манифестации. Од Low Resolution преку Full HD до Sky Solutions поминале многу манифестации и настани со кои само го надградувал своето професионално искуство.
Референтните настани како концертните на големите светски и домашни музички ѕвезди, како што се Marron 5 во Романија, Здравко Чолиќ на Маракана, манифестации како Егзит во Нови сад, Гем фестивалот во Грузија, Spirit of Burgas во Бугарија се само дел од богатата кариера која стои на патот од ентузијаст до професионалец.
Од минатата година е дел од Sky Solutions тимот на позицијата логистика со главна цел развој на рентал компанијата во областа на планирање, логистика и реализација на комплексни проекти и манифестации.
Share
Дејан Пулиќ
Production Manager
Дваесет и две години во аудиовизуелната индустрија. Почетоци во секторот осветлување, примарен интерес визуелен дизајн.
Низ годините се запознава и со останатите сектори – видео, звук, бина. Покажувајќи желба да помогне во растот и квалитетот на изработка и презентација, неговиот интерес е забележан и префрлен е во креативниот сегмент на продукцијата каде можностите се големи и во Скајмјузик возможни!
Share
Владимир Цинкоцки
Backline & DJ equipment
Жител на Нови Сад, жител на светот. Дипломиран графички дизајнер по струка, тапанар по вокација. Далечната 1987 година зачекорува во светот на музиката. Од 1992 е член на легендарниот новосадски бенд Обоени програм, чиј тапанар е и денес. Настапувал со многу српски бендови: Trance Balkan Desorganisation, Goblini, Imperium of Jazz, GBB… Горд сопственик и креатор е на десетина албуми и близу 2 000 концерти.
На тимот на Скајмјузик му се приклучува во 2018 година.
Share
Игор Бењоцки
Менаџер на продажба / Skymusic Center
Роден 1985. во Кикинда своето патување низ музиакта го започнува многу рано, во основно училиште кога на 13 години го основа својот прв бенд. Покрај училиштето постојано удира и по тапани, како и со сѐ останато кое на кој било начин личи на ударалки.
Израснал со плочи, касети и гласна музика. Едноставно, не може да ја избегне љубовта кон аудио-видео уредите и музичките инструменти.
Аудиофил, љубител на природата и животните…
Share
Александра Воиновиќ
Финансов и сметковотсвен асистент
Завршува на Првата економска школа во Белград, а после тоа и на Вишата бизнис школа во Белград. Од самиот почеток на работниот стаж, влегува во музичките води; работи во Финансии и големопродажба на дискографијата, а подоцна влегува и во музичката продукција и организацијаа. Во Skymusic корпорацијата е вработена од 2007. и во моментов е меѓу оние вработени со најдолг стаж во компанијата. Упорна, истрајна и лојална на корпорацијата, па за неа често на шега сакаат да кажат дека е „нескршлив чувар на капиталот“ на фирмата.
Горда мама на две деца-ќерка и син.
Share
Даниела Коматина
Книговодител во сектор продажба
Енергичната приеполка (жителка на Приепоље) со ведар дух, по завршувањето на Средното економско училиште, смер-економски техничар, и на Вишата бизнис школа за финансии, сметководство и банкарство бележи повеќегодишно искуство во оваа област. Но како што и самата за себе знае да каже дека дури во Skymusic се стекнала со сето потребно знаење и вештини за да стане стручна во својата област. Многу комуникативна и со ведар дух, секогаш е спремна да им помогне на колегите и да им одговори на секое прашање. Работното мото и е: „Тоа што можеш да го завршиш денес, не оставај го за утре“, и многу се придржува до него.
Горда мајка на два сина ─ Слободан и Алекса.
Share
Младен Вујовиќ
Комерцијалист во сектор продажб
Роден во Белград и детството го поминува во Врачар. Основно училиште Сава Ковачевиќ, средно училиште Шеста Белградска гимназија. Стуридал Градежен факултет кој не го завршил поради животните околности (стигнал до четврта година).
Во Скај Мјузик Корпорацијата е веќе цели 9 години каде моментално работи како комерцијалист во големопродажба. Свири ритам гитара во неколку еминентни андерграунд и рокенрол бендови со кои има и стотина концерти во Србија, регионот и Европа, како и десетина официјални музички изданија.
Оженет и има ќерка Љубица.
Share
Маја Маргетиќ
Менаџер во секторот за надворешна трговија
По потекло и менталитет од Бокељ. Има завршено Економски факултет во Белград и има повеќегодишно искуство во надворешната трговија.
Десет години била сопственик на агенција за административни работи. Скај Корпорацијата ја смета за одличен колектив.
Во слободно време ја уредува својата градина, а обожува сауна.
Share
Маја Јовановиќ
Главен и одговорен уредник на 24SATA
Родена и израсната во срцето на Белград, љубовта кон новинарството ја гаи од училишните денови. Кариерата почнува да ја гради последната година на студии кога станува дел од дневниот весник Press. Пред да дојде во Sky Comm Group работи во Adria Media Group.
Таа верува дека новинарството не е професија туку стил на живот.
Share
Милош Суботиќ
Маркетинг менаџер и графички дизајнер / Sky Music Центар
Роден е 1986. година, и детството го поминал по „ливадите“ на Нов Белград. Имал среќа да расте со двајца постари браќа, кои му всадуваат чувство за добра и квалитетна музика, и страст кон фотографијата и графичниот дизајн, така што воопшто не било изненадување кога тргнал по нивните стапки, и одлучил да го даде својот придонес во ова поле.
Инаку, долго години работел од дома, од својата удобна фотелја како фри-ленсер, и тоа генерално работи поврзани со графички дизајн. Сега во удобната фотелја на Sky Music центарот работи како маркетинг менаџер и графички дизајнер каде откри и направи идеален баланс на убавото и корисното. Уште една вага во компанијата.
Сака спорт, музика, фотографија, природа и „сѐ што сакаат младите“.
Голем фан е на трилогијата Војни на ѕвездите… или како што тој би кажалs: „ May the force be with you, always “ –„Силата нека биде секогаш со тебе“.
Share
Даниела Јамбор
Category Specialist
Родена е на 13.11.1979 во Нови Сад. Ученичка е во Карловачката гимназија; дипломиран професор по руски јазик и книжевност е.
2008. година влегува во светот на техниката, и работи со современи светски брендови од областа на белата техника, малите кујнски апарати и мобилни телефони како продукт менаџер во големи компании како CBT, Roaming Electronics, Tehnomanija.
Таа станува членка на Skymusic Corporation во 2018. г. на позицијата Category Specialist за комерцијална техника.
Љубител е на музиката, уметноста, убавта книга, животните и патувањата.
Share
Милош Тасиќ
Акаунт менаџер
Роден е на 5.03.1983 во Белград. Ја завршува Четвртата белградска гимназија, а после тоа дипломира на Факултетот за бизнис студии.
Својот професионален пат го започнува во компанијата Farmalogist во секторот за маркетинг. Многу значајно работно искуство стекнува во компанијата Техноманија, во секторот за корпоративна продажба каде останува 5 години.
Член на Skymusic корпорацијата станува 2018. година, на позицијата акаунт менаџер за комерцијална електроника.
Сака спорт, природа, ама најмногу ги посетува натпреварите на Црвена Ѕвезда.
Горд татко е на Јана и Лена.
Share
Немања Суботиќ
Продавач во гитарскиот оддел/ Sky Music Center
Роден е и израснал во Земун и Нов Белград. Од малечок покажува љубов кон уметноста, особено кон музиката и фотографијата, за кои и се образувал.
Со години, додека свирел во неколкуте музички групи, стекнал искуство со инструменти и со опрема, на бина и во студио.
Последниве неколку години работи во продавници за музички инструменти.
Share
Вук Бабиќ
Продавач во секторот за клавијатури и студиска опрема
Роден е 1987. година во Белград. При средбата со класичната музика за пијано, уште од најрано детство влегува во светот на музиката, и оттогаш без прекин продолжува да ги бруси своите вештини на свирење, и да ги шири музичките хоризонти, самостојно како пијанист, и во соработка со други музичари.
По завршувањето на смерот ─ Аудио и видео технологија, на Високата школа за електротехника и компјутеристика, своите новостекнати интереси за филмот и визуелната уметност, како и за аудиторната уметност и музичката продукција, тој се стреми сите да ги спои и обедини, работејќи фриленсерски на дизајн на звукот, видео продукцијата, но и на музичката продукција.
Член на Skymusic тимот станува 2018. година како продавач во секторот за клавијатури, студиска и ди-џеј опрема.
На река, со кренати едра, летно време трага по добар ветар, преку зима со даската, по планините, по добар снег.
Share
Тања Тошиќ
Координатор за продажба
Родена е на 25.02.1980 година.
Своето работно искуство го започнува во 14. година. После завршувањето на XII Белградска гимназија се запишува на Филолошкиот факултет; потоа на Вишата деловна школа, и на крајот на Вишата туристичка школа. За време на студирањето, барајќи се себеси, се испробува во најразлични професии, каде првото сериозно задолжување го добива на позицијата: шеф на претставништво на новосадската фирма Flash Commerce. Продолжува со работа како комерцијалистка во туристичката агенција Monix, потоа работи на дигитална обработка на фотографии во специјализирано фото студио итн.
Најголемото деловно искуство го стекнува во Техноманија, каде за период од 6 години, помеѓу останатите задолженија, во рамките на корпоративниот сектор, работи како комерцијалист на продажба на големо и координатор за продажба на синдикални организации.
Станува член на Skymusic Corporation во мај 2018. на позицијата координатор за продажба.
Сака спорт, долги прошетки во природа, музика, а најдобро се опушта со добра книга.
Вредна е и упорна, и максимално е посветена на работата, и е горда мајка на Теодора.
Јас тоа не можам─никогаш ништо не произвело! Но, ќе се обидам, веќе може да направи чуда!
Share
Ирена Јерковиќ
Менаџерка за односи со јавност
По завршувањето на факултетот за политички науки работи како новинарка, уредничка и водителка на ТВ Авала и ТВ РТС во информативната програма, и во емисии од образовен карактер. Подоцна се посветува на Односите со јавност и комуникации, и тоа работејќи кај Комесарот за заштита на рамноправноста, и во „Tehnomanijа“. Работи и на други бројни проекти од областа на културата, музиката и филмот.
Таа е новобелграѓанка која ја обожава реката, спортот, животните и дружењето. Деновите ги поминува на велосипед или на ролери. Активно се занимава со планинарење. Ја сака природата и дивината, но не помалку и белградскиот ноќен живот и музичките фестивали, кои ги посетува со ист жар како и во тинејџерски денови. Секој слободен момент го користи за патувања, и пишува патеписи за дестинациите кои ги посетува.
Во Skymusic Corporation е од 2018. Задолжена е за односите со јавност и комуникации со медиуми.