1994.
Како млад музичар и продуцент, Миленко Шкариќ, основачот и генерален директор на компанијата „Sky Corporation“, го основа своето прво студио за снимање. Набргу, студиото го добива името „Sky Studio“, и станува едно од најуспешните студија за снимање во државата.
1995.
Се почнува со продажни активности. Со оглед на тоа дека Србија е под економско ембарго, пронаоѓањето на професионална опрема станува еден вид уметност. Уметност која набргу станува бизнис. Бизнис, кој уште побргу ќе го добие името– SKYMUSIC.
1996.
Основана е компанијата SKYMUSIC. Нашата првична цел беше обезбедување на широк дијапазон на професионална опрема за снимање во Србија. И денес, сѐ уште како дел од работењето на студиото е директната продажба на производите за снимање, па набргу после основањето, компанијата започнува со продажба на инструменти и професионална аудио опрема. И покрај тоа што нема малопродажен објект, компанијата SKYMUSIC за кратко време стана ексклузивен дистрибутер на производите Roland за пазарот во Србија.
1997.
Отворен е првиот продажен објект на SKYMUSIC.
1998.
Потпишан е првиот договор за дистрибуција.
1999.
Компанијата SKYMUSIC како важен сегмент во своето работење ја вклучува и дистрибуцијата. Покрај малопродажниот објект, се промовираат и првите брендови . Се започнува и со големопродажни активности.
2001.
Се отвара нова голема продавница со неколку изложбени простории. Истовремено, компанијата SKYMUSIC станува дистрибутер за компанијата „Martin Professional“ , и започнува со успешна продажба на професионална опрема за осветлување.
2002.
Воспоставена е системска интеграција, со одделение за хај-фај компоненти.
2003.
Основан е Секторот за издавање и закуп на ситна аудио-опрема и опрема за осветлување. На почетокот, издавањето и закупот се само дел од маркетингот, и не се со намера да станат некаков профитабилен сегмент .
2004.
Сфаќаме дека имаме и премногу опрема за изнајмување, а со оглед на тоа дека не сакаме да го игнорираме тој факт, решаваме да си признаеме себеси дека сепак сме компанија за изнајмување на опрема, па така основаме и втора компанија, во рамки на денешната „Sky Corp“, SKY SOLUTIONS. Ова е трнлив пат за нас, ама одлуката е донесена, и ние го прифаќаме предизвикот.
2005.
Како прилично млада компанија од областа на изнајмување на опрема, со ограничен број на клиенти, посакуваме да најдеме бизнис промотер, и истовремено да отвориме нови работни места за нашата бизнис активност-изнајмување на опрема. Почнувајќи со концертот на бендот „Incognito“ од Велика Британија, и набргу после и со концертите на групата „Toto“, нашето работење со концерти заживува и ветува.
2006.
Со оглед на тоа дека нашата продажна компанија расте паралелно со нашето работење во сегментот забава, го заклучуваме најважниот договор во историјата на нашата продажба; договор кој се однесува на регионална дистрибуција на Korg/Vox брендовите, а кој ќе го покрива реонот на бивша Југославија и Албанија. Па така нашата следна компанија, ARD (Adriatic Regional Distribution) му се придружува на нашиот мал холдинг. Оваа 2006. останува запаметена по отварањето на Белградската арена со нашиот прв голем концерт ─ 50 Cent.
2007.
Дотогаш 2007. е наша најпродуктивна година. Обемот и сложеноста на проектите со кои се работи значително се зголемува, и фокусот е на повеќе проекти, концерти, фестивали, корпоративни и политички случувања . ARD се развива; се повеќе брендови има во нашиот асортиман, а нашата корпорација остварува најдобри резултати дотогаш. Се основаат компаниите Skymusic: Словенија, Македонија и Албанија.
2008.
Поради сѐ поголемата потреба за рекламирање на нашето работење, и после неколку лоши искуства со локалните маркетинг агенции, одлучуваме да основаме сопствена маркетинг компанија. Така е основана „Sky Communications“! Ако се земе во обѕир дека веќе сме активни во BTL сегментот, компанијата со своето профитабилно работење и големиот потенцијал, набргу станува член на групацијата.
2009.
Таа година ја одбележи отворањето на најголемиот клуб на отворено во Источна Европа, „Miracle Lounge“, денес добро познат клуб во Будва, Црна Гора, со име „Top Hill“. Следат бројни концерти на познати пеачи: Rihanna, Lanny Kravitz, Pussycat Dolls, Gipsy Kings, итн.
2010.
Компанијата „Sky Corporation“ ја купува првата зграда. Истовремено се решаваме да подзастанеме со работењето од областа на малопродажбата, и да се фокусираме на дистрибуцијата. Тоа ни овозможува да се поправиме, и да научиме на грешките кои порано сме ги правеле, да ги зацврснеме темелите, и да ја зголемиме продуктивноста. Како резултат на учењето од предизвиците, доаѓаме до состојба да преземеме поголеми, повеќекратни проекти, применувајќи појак стратешки пристап.
2011.
Година на големи промени. При крајот на 2011. одлучуваме да се преиспитаме, и да ја пренасочиме дејноста на компанијата. Гледаме потенцијал во бизнисот со изнајмување на опрема, и следствено на тоа ја ускладуваме стратегијата на компанијата. Годината ја започнуваме како една од 20 најголеми компании за изнајмување на опрема, а ја завршуваме како регионален лидер.
2012.
Оваа година ќе биде запаметена по организацијата на фантастичниот концерт на Џенифер Лопез, како и по првата техничка продукција на ТВ шоу програмата „Јас имам талент“ ─ „Ja imam talenat“ .
2013.
ТВ продукцијата станува важен сегмент од нашите активности што се огледа во продукцијата на сложени шоу -програми од типот на „X Factor“ како и многу локални шоу програми, особено на националниот канал TV Pink.
2014.
После многу турбулентниот период на водење бизнис во малопродажбата, се одлучуваме повторно да се разработи малопродажбата, со отворање на најголемиот малопродажен објект во регионот, со име „Sky Music Center“. Ова е нов член на нашата групација. Истата година, која ќе стане од историско значење за нас, започнува соработката помеѓу компаниите „Skymusic“ и фестивалот „Exit“, и тоа благодарејќи на тоа што компанијата „Sky Solutions“ ја работеше продукцијата на легендарниот фестивал „Dance Arena“ , заедно со делот од продукцијата за „Sea Dance“ фестивалот.
2015.
Соработката помеѓу SKY i EXIT станува секојдневие, и набргу резултира со стратешко партнерство, во кое компанијата „SKY“ станува партнер и акционер на „Exit“ фестивалот. Како важен проект за оваа година би го споменале „World Expo“ саемот, во Милано, каде тимовите за маркетинг и продукција на компанијата „SKY“ беа задолжени за овој престижен проект. Но проект кој е од особена важност е организацијата на најголемиот концерт на отворено во нашата професионална историја, концертот на RobbieWilliams.
2016.
Компанијата „Sky Corporation“ купи и втора компаниска зграда во центарот на Белград. Горди сме што нашата продукциска компанија направи стратешка инвестиција, прва во Европа, а најпрестижниот звук на EAW Anya станува дел од нашиот асортиман за изнајмување. Наскоро повеќе…
Соработката помеѓу Skymusic и Exit со секој ден станува се подинамична, и наскоро ќе дојде до стратешко партнерство каде Skymusic ќе стане партнер и акционер на Exit фестивалот.