Наташа Беквалац со концерт во Арена прослави 20 години работа
Два дена поминаа од концертот С.О.С. за љубов, а и понатаму цела Србија зборува за спектаклот кој на публиката ѝ го приреди Наташа Беквалац. Пејачката вели дека сè уште е под импресии на енергијата и љубовта кои ги добила од публиката и нагласува дека зад концертот каков што не се памети во Арена, стои тимска работа и сериозна продукција.
„Тоа е најдобрата и најубавата ноќ во мојот живот! Месеци работа стојат зад нас. Јас во овој процес бев само дел, алка, верувајте ми. Горда сум на целата екипа, сите со месеци дишевме и работевме само за С.О.С. за љубов шоуто“, вели Наташа.
„Костимите, кореографијата, сценографијата, новите аранжмани и она што, секако, е најважно – продукцијата на Скајмјузик, придонесоа овој проект да изгледа и звучи потполно светски.“
Наташа Беквалац прослави дваесет години работа со голем концерт во организација на Скајмјузик, а билетите беа распродадени со денови пред спектаклот, кој во живо го следеа повеќе од 15 000 луѓе во Арена.
„Мошне сум му благодарна на Скајмјузик затоа што од почетокот веруваа во целата идеја за концертот и во мене, и тоа многу придонесе за мојата самодоверба и ме потврди мене како изведувач и уметник. Моќта која сцената и целата таа технологија ја даваат се важни за еден изведувач. Фала им на сите мои соработници за сето ова време, пораснав во секоја смисла на тој збор. Преблагодарна сум!“
















