Најголемите музички ѕвезди на Music Week фестивалот на Копаоник

Спој на музика, скијање, уживање во најдобрите хотели во најпознатиот регионален ски центар – така накусо може да се опише Music Week фестивал, кој на Копаоник се одржува четврта година по ред. Создаден е во соработка меѓу продукцијата Sky Music и MK Mountain ресортот, Music Week секоја зима на Копаоник ги собира најдобрите домашни и регионални музички ѕвезди, како и љубителите на добрата забава.

За време на двата викенда во март од 7 до 10, како и од 14 до 17 март гостите на хотелскиот комплекс MK Mountain ресортот ќе имаат прилика да уживаат во ексклузивната музичка програма во рамки на цената на сместувањето.

Во ексклузивниот простор на свечената сала на хотелот Гранд, во кој бројот на места е ограничен, во рамки на првиот викенд на Music Week фестивалот ќе настапат Аца Лукас и Магла бенд (8 март) додека следниот ден концерти ќе одржат Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ.

 

Вториот викенд на Music Week фестивалот е резервиран за Парни ваљак и Тропико бенд (15 март), додека следниот ден ќе настапат Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ.

 

Music Week фестивалот веќе стана и омилено место за сите оние кои живеат динамично, во текот на денот сакаат да се бават со спрорт и релаксирање, а навечер очекуваат врвна забава. Од година во година Music Week собира се поголем број посетители, а минатата година фестивалот го посетија повеќе од 10 000 луѓе.