Најџел Кенеди на отворањето на 50 јубилеен БЕМУС
октомври/2018
Славниот британски виолинист Најџел Кенеди со својот квартет ја воодушеви белградската публика на отворањето на 50 јубилеен БЕМУС во Сава центар. За техничката продукција на концертот беше задолжена Скајмјузик, која со Milo звучен систем обезбеди беспрекорен звук, а со Dts и Sgm осветлување дополнително придонесе за моќен сценски настап.
По церемонијата на свеченото отворање, на сцената прво застана оперската дива Радмила Бакочевиќ, а Кенеди својот концерт го започна со изведбата на Фуга и Соната број 1 од Јохан Себастијан Бах, за да продолжи со своите композиции во џез аранжмани. За крај на концертот, британскиот виолинист изведе два стандарди од овие простори „Јовано, Јованке“ и „Ајде Јано“.



