Miller Lovefest Fire во Хангар

Покрај најголемите светски музички ѕвезди на овогодинешниот Miller Lovefest Fire во Белград стигна и врвната продукција која ја потпишува Скајмјузик. Заради специфичноста на самиот простор на Хангар во белградското пристаниште, изборот на Скајмјузик за звучен систем беше EAW Anya adaptive system, што уште еднаш го покажа својот вистински капацитет. Поставен во double hang конфигурација, без проблем го совлада предизвикот на овој простор и несекојдневната поставка.  

Комплетниот диџеј backline беше дел од богатата колекција на ДЏ опрема на Скајмјузик, најголема во овој дел на Европа. Диџеј Paco Osuna користеше МОДЕЛ 1 кој го дизајнираше Richie Hawtin, новиот Allen&Heath 96, како и 8 Pioneer CDJ2000 NEXUS2 плеер. Диџеј UnderCutt користеше Pioneer DJM900 NEXUS 2.

Осветлувањето беше поставено од централната точка на бината, ширејќи се по вертикала и хоризонтала кон публиката. За овие потреби е користен Eurotruss ST50, како идеален избор заради големата оддалеченост на точката на закачување.

DubLab VJ тимот од Португалија го потпишува спектакуларниот видео дизајн кој беше исклучително предизвикувачки заради невообичаената поставка и екраните, чија вкупна должина беше неверојатни 50 м. За да се покрене оваа масивна проекција беа неопходни два 8К видео процесори.

Креативното решение на Скајмјузик во соработка со Lovefest тимот подразбираше и 12 ласер барови, без кои добра техно журка не може да се замисли.