Концерт на Жељко Јоксимовиќ за паметење

Концертот именуван како „Два света“, на еден од најпопуларните музичари во регионот, Жељко Јоксимовиќ, ја врати публиката во 70-те и 80-те години на минатиот век. Публиката во Сава центар имаше можност да ужива во музиката на нашите култни филмови како што се „Танго аргентино“, „Грлом у јагоде“, „Специјално васпитање“, „Балкан експрес“, „Флојд“, „Петријин венац“ и други.

Во придружба на биг бенд и гудачкиот квартет Метаморфозис, Жељко на свој начин ѝ ги претстави на публиката споменатите нумери. За техничката продукција на настанот беше задолжен Скајмјузик. На настапот беше користен Meyer Milo звучен систем, за осветлување SGM и DTS светлосни тела, а за совршена продукција на видеоматеријалот MR ЛЕД екран и VDWALL процесори.