Концерт на Ѓорѓе Балашевиќ во Скопје

Ѓорѓе Балашевиќ одржа еден од најраспеаните концерти од турнејата „Баронов бал“ во спортската арена Борис Трајковски во Скопје. Четиричасовниот концерт пропратен со најголемиот хор во македонската претстолнина се заврши дури после десетминутниот повик за бис, и после „Циркус“.

Свој придонес во величествената атмосфера даде и  Skymusic во вид на техничка продукција.