Гореше Ушќе: 100 000 посетители на вториот ден од Music Week

Спектакл каков што Ушќе не памети! Така накусо може да се опише втората вечер на белградскиот Music Week фестивал. Сто илјади посетители се собраа вчеравечер на Ушќе, на настапите на најголемите домашни и регионални музички ѕвезди.

Миленикот на публиката од сите генерации Хари Мата Хари со одличниот настап ја отвори втората фестивалска вечер. Феноменалната Нина Бадриќ со своите поп хитови ја воодушеви белградската публика, а по неа настапи Лепа Брена.

Концертот за паметење на најголемата ѕвезда на Балканот почна со спектакуларен огномет и траеше два часа. Најголемите хитови од 80-те до денес се ореа на Ушќе, а публиката пееше во еден глас со Брена.  

Аца Лукас ја освои фестивалската публика со феноменалниот настап и непосредниот лежерен контакт со фановите, токму онака како што и се очекуваше од него. 

Дарко Лазиќ, кој пред концертот изјави дека има голема трема, го совлада стравот и со својот емотивен настап кој траеше до раните утрински часови ја затвори втората вечер на Music Week.

Последниот ден на фестивалот, 25 август, е резервиран, пред сè, за треп и поп звукот. После Анџелина, чиј настап почнува во 20 часот, на сцената ќе застане треп кралицата од регионот Сенидах, во 20: 35 часот. После неа, од 21: 15, се очекува настапот на Сара Јо, а потоа и Катарина Грујиќ, настапува од 22: 40 часот, а по неа на сцената ќе застанат регионалните ѕвезди Буба Корели и Џала Брат. За спектакуларното затворање на Music Week е задолжена Маја Беровиќ, чиј настап почнува во 1:10 часот.

Влезот е слободен со бесплатната мобилна апликација Keep App, која може да се симне од Google Play и App Store. Симнатата апликација служи како бесплатна влезница.