Gibonni дочекан со овации од публиката во Спенс

После седум години Gibonni одржа осмомартовски концерт во големата сала во спортскиот центар Спенс во Нови Сад пред повеќе од 10.000 посетители. Пред да ги отпее првите стихови од песната Среќа, појавувајќи се на импозантната бина која ја красече и сценографија со макета на рибарскиот брод Удица, дочекан беше со овации. Публиката уживаше во препознатливата мешавина на поп, рок, канцона и далматински звук испреплетена во големите хитови “Činim pravu stvar”, “Anđeo u tebi”, “Mirakul”, “Ovo mi je škola” и многу други. Во самата завршница на концертот сите светла во Спенс се угасија, Gibonni со неколку музичари прејде на помала бина на другиот крај од салата и во камерна атмосфера ја отпеа “Nisi više moja bol” после што следуваше бис.

Комплетната техничка продукција беше доверена на Скајмјузик, а за озвучување беше употребен најсовремениот звучен систем, звездата на тонската опрема – ANYA.