Future Park во Белград

Future Park, најголемиот забавен сајбер парк во Европа се одржа од 15ти до 24ти декември 2017 година на Белградскиот саем. Во склоп на содржините кои ги нудеше овој забавен парк на иднината се одржа и голем турнир во Counter Strike-u под името Winner of the Futurе, а моментално се прогласени и победниците.

Победи екипата Izako Boars од Полска која за својот успех е наградена со премија од 2.500 УСД. Второто место го освои екипата DKISS од Србија која беше наградена со 1.000 УСД, додека третото место му припадна на уште еден домашен тим Squared кои си заминаа дома со премија од 500 УСД.