Филхармонија по вторпат под отворено небо
јуни/2018
Белградската филхармонија одржа музички излет под ѕвездите заедно со шефот, диригентот, Габријел Фелц, во неделата на 24. јуни на Ушќе. Аудио-визуелниот спектакл со назив HD Одисеја ги воодушеви посетителите од земјата и регионот со ремек делата на класичната музика, пропратени со снимки од Земјата и вселената, изработени од НАСА. Спектакуларното патување на Белградската филхармонија и 30 000 посетители низ вселената, технички го реализираше Sky Solutions.









