EXIT соборува рекорди: 3. ден фестивал

Соборен е саботниот рекорд на EXIT! Повеќе од 53.000 посетители ги поминаа фестивалските капии, а неприкосновена ѕвезда на третата вечер беше Грејс Џоунс. Надалеку познатата дива настапи во костим со мотиви од нејзиниот некогаш многу близок пријател, и голем сликар Keitha Haring, а на самата завршница, на општ восхит на публиката, која во најголем број беше трипати помлада од неа, вртеше хулахоп скоро 20 минути.

Концерт за паметење на главната бина на EXIT приредија и Бајага и Инструктори, додека вечерта на Dance Arenа-та ја одбележа електронскиот маг Solomun. На Fusion бината за првпат настапи британската поп сензација Slaves, како и Atheist Rap и Никола Врањковиќ, додека навистина моќна завршница приреди легендарниот состав Sunshine.

Техничката продукција и овој ден беше на Skymusic.